Десетте рекорди на неповторливиот Роналдо

Додека светските медиуми ја „предвидуваат“ иднината на Кристијано Роналдо, 32-годишната мега-ѕвезда на Реал Мадрид  продолжува со голгетерската форма и на Купот на Конфедерации. Покрај сите погодоци и асистенции, желбата на Роналдо да биде најдобар не згаснува во ниту еден момент. Откако неговата репрезентација ремизираше на отварањето на турнирот во Русија, против домаќинот во следното коло постигна нов гол и забележа уште еден рекорд во блескавата кариера.

Роналдо е стрелец на осум последователни натпреварувања со Португалија

Неговата серија на погодоци започна уште 2004 година, кога Роналдо за прв пат го почувствува притисокот на едно Европско првенство. Португалија беше домаќин на тој турнир, а Роналдо се запиша на листата на стрелци уште во првиот меч од групната фаза против националниот тим на Грција. За жал, во нивната следна средба, Португалија загуби од составот на грчките фудбалери во финалето со минимални 1-0.

Потоа Роналдо постигна барем еден гол на Европско во 2008, 2012 и 2016 година, како и на СП во 2006, 2010 и 2014 година. Со голот во Купот на Конфедерации, Роналдо стана едиствениот фудбалер кој ја тресел мрежата на осум меѓународни турнири по ред.

Постигнал гол во секоја од 90. минути поминати на терен

Во градското дерби против Атлетико во 2014 година, Роналдо му донесе предност на „кралскиот“ клуб во 7. минута од средбата. Иако до тој момент имаше постигнато повеќе од 400 гола за клуб и репрезентација, Роналдо за прв пат прослави гол во 7. минута. Можеби во минатото постоеле фудбалери кои славеле во секоја минута, но откако се води оваа статистика, Роналдо е првиот играч кој го постигнал тоа.

Првиот милијардер меѓу спортистите

Пред да се појават вртоглавите понуди на Кинезите кои го тресат фудбалкиот свет, Роналдо беше најплатен  спортист во светот. Со потпишувањето на доживотниот договор со Најк вреден една милијарда евра, Кристијано е првиот спортист – милијардер.

1448126910_726613_1448131847_album_normal

„Ел Класико“ не поминуваше без негов гол

Во 2012 година, Реал Мадрид и Барселона се сретнаа вкупно шест пати во сите натпреварувања. Роналдо беше стрелец на сите шест средби, а на 7. октомври истата година, љубителите на фудбалот уживаа во гол шоуто на Меси и Роналдо, и двајцата поделија по два гола, а мечот заврши без победник. Пред Роналдо, Иван Замбрано го држеше рекордот со пет последователни погодоци на „Ел Класико“, кој играше за „кралевите“ од 1992 до 1996 година.

Шест години по ред со 30 или повеќе погодоци во првенството

Во осум сезони носејќи го белиот дрес на Реал, Роналдо само во првата(26) и последната(25) сезона не постигна минимум 30 погодоци. Пред него, ниту еден фудбалер не успеа да спои барем четири сезони во кои бил стрелец 30 пати, а Кристијано ги нанижа шест во низа. Во сезоната 2010/11 постигна 40, потоа 46, па 34, а 31 постигна во сезоната 2013/14.  Една сезона подоцна го надмина својот рекорд од 46 гола, даде два повеќе, а во сезоната 2015/16 застана на бројката од 35. Никогаш не стигна до 50 гола, тоа му успеа само на Меси пред пет години.

Првиот фудбалер до „100-ка“ во Лигата на шампиони

Рекордот за кој најмногу се зборуваше оваа сезона е вкупниот збир од 100 гола во Лигата на шампиони. Иако во групната фаза запиша само два гола во својата статистика, Роналдо „распали“ кога беше најпотребно. Во двомечот против Баерн, два пати славеше на „Алијанц“ арената, a благодарение на хет-трикот една недела подоцна, Роналдо стана првиот фудбалер кој стигна до 100 погодоци во најелитното европско клупско натпреварување.

Во полуфиналето од истото натпреварување следуваше уште еден впечатлив податок

Реал во полуфиналето од ЛШ се сретна со градскиот ривал Атлетико, а Роналдо продолжи со серија и против „Јорганџиите“, па така стана првиот фудбалер кој постигнач хет-трик на два меча по ред во завршницата од овој турнир.

691935608.0

Роналдо е првиот фудбалер кој тресел мрежи на четири ЛШ финалиња по ред, а при тоа завршувал со најпосакуваниот трофеј во своите раце

Серијата започна во 2008 година против Челси. За јубилејната 10. титула во Европа за Реал Мадрид, Роналдо се најде меѓу стрелците во големата победа од 4-1 против Атлетико. Истото го повтори две години подоцна, исто против ривалот од Мадрид, а оваа година во финалниот меч против Јувентус два пати го совлада Буфон. Единствено Алфредо Ди Стефано е подобар во овој податок. Легендарниот фудбалер на Реал во периодот од 1956 година до 1960, редовно настапуваше, забиваше и славеше во финалните средби од Лигата на шампиони.

Додека другите се даминувале себеси за да постигнат 10 гола во една сезона во ЛШ, за Роналдо тоа е норматив

Изминатава сезона постигна 12 гола, што е негова шестта во низа во која постигнал двоцифрен број на погодоци. Ниту еден фудбалер немал барем четири последователни сезони со миминум 10 гола во ЛШ. Роналдо за прв пат рекордот го постави во 2015 година, а од тогаш само ја подобрува статистиката. Во пет од шестте сезони Роналдо беше прв стрелец, само во сезоната 1011/12 Меси со 14, односно Марио Гомес со 12 беа подобри од него. По таа сезона, Роналдо редовно беше на врвот, дури и во сезоната 2014/15 првото место го подели со Меси и Нејмар.

Се вчитува...