Кристијано Роналдо ефект: Два гола за победа на Манчестер Јунајтед против Арсенал

Манчестер Јунајтед и Арсенал приредија одличен натпревар во 14. коло од Премиерлигата кој заврши со победа на домаќините од 3-2. „Топџиите“ први стрелаа, но херојот на денот е Кристијано Роналдо кој со два свои гола донесе пресврт за победа од огромно значење.

Голеадата на „Олд Трафорд“ започна во 13. минута кога при изведување на корнер, Фред го нагази Де Хеа, а додека шпанскиот голман се „валкаше“ по земјата, Смит-Роу донесе предност од 0-1. Гостите стигнаа до изедначување во 44. минута преку Фернандеш, а потоа во 52. минута и до целосен пресврт со голот на Роналдо кој за него е 800 во кариерата.

Славејето на „црвените ѓаволи“ не траеше долго бидејќи само две минути подоцна Одегард изедначи на 2-2, а конечните 3-2 ги постави португласкиот ас кој не згреши од белата точка во 70. минута.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...