Кристијано Роналдо гостин на „Ел Класико“: Првпат на „Бернабеу“ откако замина од Реал (ФОТО)

Португалската мегаѕвезда Кристијано Роналдо не го заборава Реал Мадрид. За првпат откако направи трансфер во Јувентус, тој ќе биде на „Сантијаго Бернабеу“ и ќе го бодри „кралскиот клуб“ во вечната пресметка против Барселона. Со него во тимот, Реал Мадрид дефинитивно ќе беше многу посилен.

Роналдо е забележан како се потпишува на дрес на Реал Мадрид. Тој ја искористи принудната пауза во Серија А поради коронавирусот. Вечерва во Торино требаше да се игра големото дерби меѓу Јувентус и Интер, но тоа е одложено за 13 мај поради мерките за безбедност од коронавирусот. Роналдо ја искористи паузата за да „скокне“ до Мадрид и да ги бодри поранешните соиграчи на „Ел Класико“.

Се вчитува...