Кристијано Роналдо ја доби петтата „Златна топка“

Напаѓачот на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, очекувано ја доби „Златната топка“ на „Франс Фудбал“, најголемото индивидуално признание во светот на фудбалот. Ова е петта „Златна топка“ за Португалецот, со што се израмни со Аргентинецот Лионел Меси.

Роналдо оваа сезона беше најдобар во изборот на „Франс Фудбал“, токму пред Лионел Меси и пред Бразилецот Нејмар. Тој на гала свеченоста во Париз пристигна со својата мајка и со синот Роналдо јуниор. Португалецот беше најдобар и во 2008, 2013, 2014 и во 2016 година. Престижната награда се доделува од 2000 година, а „Франс Фудбал“ повторно се оддели од ФИФА, која сега го доделува признанието „The Best“, кое исто така оваа година му припадна на Роналдо.

ronaldo zlatna topka 5

Се вчитува...