Кристијано Роналдо не е од оваа планета: 25-та година по ред се запишува во листата на стрелците

Кристијано Роналдо постигна гол од пенал за својот Ал Наср во дуелот против Ал Кадсиа, и со тоа постави уникатен рекорд. Португалецот постигнува барем по еден гол 25 години по ред, почнувајќи од 2002 година.

Почна да погодува во 2002 година кога „заплива“ во сениорските води во Спортинг Лисабон, и од тогаш до 2026 година постигнува барем по еден гол секоја година. Неверојатно достигнување за португалската „ѕвезда“.

Сепак, неговиот тим загуби важни бодови во битката за титулата, и сега заостанува цели четири бодови. Ал Наср е во криза, со оглед дека нема победа три меча по ред, со едно реми и два порази, што значеше и губење на првото место на табелата во најсилната лига во Саудиска Арабија.

Се вчитува...