Кристијано Роналдо не игра против Аталанта!

Кристијано Роналдо нема да биде во составот на Јувентус за утрешното гостување против Аталанта, огромен проблем за тренерот Пирло во пресметката со директниот ривал во битката за мсто во ЛШ. Ова на денешната прес-конференција го обелодени самиот Пирло, наведувајќи дека причина за отсуството на Португалецот е повреда на мускулот.

„Имаме важно отсуство од тимот. Кристијано Роналдо нема да игра бидејќи има проблеми со мускулот, состојбата му се влоши на последниот меч, па ризикот тој да игра во Бергамо би бил преголем“, изјави Пирло.

Стратегот на Јувентус обелодени дека местото во нападот на „старата дама“ ќе му припадне на Пауло Диба, за кого ова ќе биде прв старт по неколкумесечна пауза.

Јувентус моментно се наоѓа на третото место на табелата со 62 бода, еден повеќе од Аталанта на четвртата позиција и „плус три“ во однос на петтопласираниот Наполи.

Се вчитува...