Кристијано Роналдо патува со Јуве кон Амстердам

Кристијано Роналдо ќе се најде во експедицијата на Јувентус за гостувањето против Ајакс во четврт-финалето од Лигата на шампионите, откако португалскиот ас се чувствува се подобро по незгодната повреда на мускулот заработена при настап за својата репрезентациа. Тој се уште нема тренирано со остатокот од тимот, но во таборот на „старата дама“ владее оптимизам дека во следните 48 часа неговата состојба уште повеќе ќе се подобри, па Кристијано ќе му се стави на располагање на тренерот Алегри за првиот дуел со холандскиот гигант.

Останува дилемата дали Роналдо ќе може да се појави во стартниот тим, а според актуелната состојба многу пореално е да се очекува најдобриот фудбалер на Јувентус да одигра дваесетина минути во Амстердам, па потоа да биде стопроцентно подготвен за реваншот во Торино, каде ќе се решава патникот во полуфиналето.

Добра вест за Јуве е што и Даглас Коста исто така е подготвен за камбек и ќе биде дел од тимот против Ајакс, но Алегри на располагање ќе го нема Емре Џан, кој заработи повреда на дербито со Милан и ќе мора да отсуствува извесно време од терените.

 

Се вчитува...