Кристијано Роналдо повторно опција за Челси

Челси сеуште го бара вистинското решение во нападот, а на три дена пред крајот на преодниот рок повторно опција за „сините“ е Кристијано Роналдо, пренесуваат англиските медиуми. Агентот на португалскиот ас, Жорже Мендеш го понудил својот играч на лондонскиот тим кој сега има кус период да му понуди договор на 37-годишникот.

Роналдо беше опција за Челси и во текот на летото, но тогаш Томас Тухел го одби фудбалерот на Манчестер Јунајтед. Сепак сега работите се променети, Челси се соочува со сериозни проблеми на почетокот на сезоната, а спасот може да биде искуството на најдобриот голгетер во историјата на Лигата на Шампионите.

Неодмна на темата Роналдо и Челси говореше и легендата на Арсенал, Пол Мерсон, кој изјави дека тој е вистинското решене на тимот кој настапува со едни од најдобрите бекови на денешницата, Рис Џејмс, Бен Чилвел и Марк Кукуреља.

Се вчитува...