Кристијано Роналдо продолжува да урива рекорди на фудбалските терени, но и надвор од нив. Најновото издание на „Блумберг индексот“ значеше и крунисување на португалскиот ас во првиот фудбалски милијардер.
Имено, фантастичниот договор што Кристијано го има со Ал Наср, две години за плата од 300 милиони евра по сезона „нето“, далеку го издвоија Роналдо во однос на Лео Меси, кој заработува богатство во Интер Мајами, но на тие пари плаќа и сериозна сума данок во САД.
Најновиот „Блумберг индекс“ покажа дека богатството на Португалецот моментно се проценува на 1,4 милијарди долари (околу 1,2 милиони евра), со што Роналдо е првиот фудбалер во историјата што ја минал „магичната граница“ од една милијарда.
Покрај богатиот договор со Ал Наср, тој има потпишано и доживотен спонзорски договор со „Најки“, воедно е и заштитно лице на бројни светски бренндови.
Покрај тоа, Роналдо инвестира и во бројни бизниси во татковината, а во последната година и во Саудиска Арабија, каде меѓу другото на почетокот од месецов отвори и сопствена клиника за пресадување на коса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

