Кристијано Роналдо е нов играч на Манчестер Јунајтед, потврди клубот. Португалскиот ас се враќа онаму каде што во периодот помеѓу 2003 и 2009 година ја стекна својата слава пред заминувањето во редовите на Реал Мадрид.
Еден од најголемите играчи на сите времиња ја прифатил понудата од „црвените ѓаволи“ и во следните две години ќе повторно ќе дава голови на „Олд Трафорд“. Во првиот мандат во црвениот дрес Роналдо одигра 292 натпревара и постигна 118 гола.
Welcome 𝗵𝗼𝗺𝗲, @Cristiano 🔴#MUFC | #Ronaldo
— Manchester United (@ManUtd) August 27, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА