Кристијано: Синот не вади од кожа, цело време е со чипс и кока-кола

Најголемиот син на легендарниот фудбалер, Кристијано Роналдо, не ги почитува правилата поставени од неговиот татко. Постојано се зборува за тајната на долговечноста на Кристијано. Тој дури и сега, кога се наоѓа на залезот на својата кариера, има неверојатна и импресивна форма, а причината за тоа е одличната комбинација на диети, тренинзи и строг режим на исхрана.

Португалскиот фудбалер е сигурен дека неговиот најстар син би можел да биде одличен играч, но има неколку работи кои не му се допаѓаат и кои се обидува да ги поправи.

„Иднината на фудбалот е во младата генерација. Го гледам мојот син, Кристијано Џуниор и тој сака да биде како мене. Но, му претстои долг пат “, посочува еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Португалецот не е многу среќен кога ќе види дека наследникот не ги зема во предвид сите совети. Му пречи лошата исхрана, пред се’.

„Понекогаш ми е тешко затоа што пие газирано сокови, а тоа не е добро за организмот. Се борам против неговата желба да јаде чипс, помфрит и сè друго. Не ми се допаѓа тоа. Имам четири деца и го сакам најдоброто за нив. Морам да бидам строг со најмалите деца кога ќе ги видам како јадат чоколадо “, изјави Кристијано Роналдо.

Кристијано Роналдо веќе го препозна талентот кај неговиот најстар син.

Мојот најстар син има потенцијал, тој е брз и добар дриблер. Но, тој мора да работи напорно. Нема да го притискам да стане фудбалер. Би сакал да игра фудбал, но тој има избор да прави што сака “, заклучи Португалецот.

Се вчитува...