Кристијанштад без важен адут против Вардар

Вардар в сабота му гостува на Кристијанштад во претпоследното коло од групната фаза од ЛШ, а шведскиот првак се соочува со сериозен проблем во пресрет на дуелот со „црвено-црните“.

Шпанскиот интернационалец Марк Канелјас заработи незгодна повреда за време на последниот дуел од домашното првенство против Алингсас (32-25), поради што неговиот настап против „вардарци“ е крајно неизвесен.

„Канелјас не тренираше ниту денеска, пред самиот почеток на мечот ќе одлучиме дали ќе биде во составот“ – информираат од Кристијанштад, но јасно е дека шансите средниот бек да се појави во тимот се исклучително мали.

Марк Канелјас е помлад брат на поранешниот ракометар на Вардар, Жоан Канелјас. Тој минатото лето пристигна во Кристијанштад од редовите на Гранолјерс.

Се вчитува...