Кристијанштад на шведската маса на Вардар во ЛШ

Со победа на гостувањето кај Кристијанштад да се одржи чекор во трката за втората позиција на конечната табела. Вакви се амбициите на македонскиот ракометен првак Вардар во пресрет на дуелот во Шведска од претпоследното коло во групниот сегмент од Лигата на шампионите.

Вардар отпатува без Вуко Борозан, а со проблеми и повреди се соочуват уште неколку играчи кои сепак ќе бидат во тимот, најави тренерот Роберто Парондо.

„Кристијанштад има нов тренер и тие покажаа дека играат добро на домашен терен, сосема спротивно кога се гости. Имаат и нов тренер и затоа не знаеме што се можат да подготват. Ние сме подготвени да играме онака како што знаеме. Играчите се подготвени за она што следи. Забораваме што било претходно и мислиме само на она што следи. Ќе биде секако тешко поради проблемите што ги имаме“ – вели Парондо.

Во претходното коло Вардар на домашен терен беше поразен од Веспрем и ја загуби втората позиција од унгарскиот тим кој се проби веднаш зад Барселона со бод повеќе од нашиот состав.

Во првиот дуел, одигран минатата есен во Скопје, „црвено-црните“ го победија Кристијанштад со 33-25. Шведскиот тим во продолжението од сезоната влезе со два пораза, од Киелце и од Барселона, има само пет бода и е закован на дното од табелата.

Се вчитува...