Кривањева: Во Кратово само на победа, на ништо друго

Шкупи на денешното гостување во Кратово против Силекс во 21. коло од ПМФЛ ќе мора на победа доколку сака останување во трката за шампионската титула.

По ремито со „пандевци“ сега како што вели и дефанзивецот Бесарт Кривањева, чаирчани размислуваат само на три бода против Силекс.

„Знаевме дека почетокот на полусезоната ќе биде тежок, и тоа се потврди. Имавме неколку промени во тимот и се почувствува во играта. Но, од натпревар на натпревар сигурен сум дека ќе биде се подобро. Денеска не очекува исклучитечно тежок натпревар против Силекс на гости, но во Кратово одиме само победа, ништо друго. Тоа е нашата цел на денешниот дуел“ – вели Кривањева.

ПРВА ЛИГА – 21. КОЛО (денеска, 14 ч.)

Тетово: РЕНОВА – ВАРДАР

Скопје: РАБОТНИЧКИ – ШКЕНДИЈА

Струга: СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР

Велес: БОРЕЦ – БЕЛАСИЦА

Струмица: АК. ПАНДЕВ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Кратово: СИЛЕКС – ШКУПИ

Се вчитува...