Кризата на Милан поради повреди продолжува – Пиоли остана без пет стандардни првотимци

Кризата на Милан поради повреди продолжува и по кратката пауза која се случи заради репрезентативните обврски на фудбалерите. „Росонерите“ ќе се сретнат со Сампдорија утре во 12:30 часот, а тренерот Стефано Пиоли е во неволја сакајќи да состави тим кој ќе оствари уште една важна победа.

Милан на овој дуел ќе биде без Марио Манџукиќ, Алесио Ромањоли и Давиде Калабрија, вака барем пренесува „Ла Газета дело Спорт“. Рафаел Лео исто така е отсутен поради повреда, а под знак прашалник е и Брахим Дијаз.

Пиоли го очекува враќањето на Анте Ребиќ, но овде е и Златан Ибрахимовиќ кој се враќа здрав и подготвен по натпреварите кои ги одигра за репрезентацијата на Шведска.

Секоја победа за Милан е од суштинско значење, особено ако се има во предвид дека тимот на Пиоли е втор на табелата во Серија А и заостанува 6 бода во однос на лидерот, Интер.

Се вчитува...