Кризата во Барселона дополнително продлабочена: Елиминација и во Купот

По Реал Мадрид и Барселона е елиминирана во четвртфиналето од кралскиот Куп. Каталонците загубија на гостувањето против Атлетик Билбао со минимални 1-0 по погодокот во 93. минута од средбата на Инаки Вилијамс.

Кризните денови во Барселона, по отворените недоразбирања меѓу Лионел Меси и спортскиот директор Ерик Абидал, дополнително се продлабочени сега и со елиминацијата во шпанскиот куп.

Интересно, во полуфиналето од кралскиот Куп место обезбедија, покрај Атлетик Билбао, и Реал Сосиедад, Гранада и Мирандес.

Се вчитува...