Кркиќ се врати во Барселона!

Барселона потврди дека нивниот поранешен напаѓач Бојан Кркиќ се враќа во клубот, но не како фудбалер, туку во сосема поинаква улога.

Кркиќ потекнува од каталонскиот клуб, и како тинејџер дебитираше во дресот на Барселона во 2007 година. 31-годишниот фудбалер освои се што можеше да се освои, но потоа замина во Рома. Не го пружи она кое од него се очекуваше, и не успеа да оствари запазена кариера, иако беше најавуван како голем играч, а играше во дресот на Шпанија.

На почетокот на годината го напушти Монтреал, а потоа потпиша за Висел Кобе. Но поради повреда се одлучи да се врати во Барселона, и во иднина ќе биде еден од коментаторите на „Барса ТВ“. Своето деби ќе го има вечерва на натпреварот со Бенфика.

Се вчитува...