„Кро коп“ го обвинија дека лаже за мозочниот удар, па објави фотографии од болница (ФОТО)

Најдобриот хрватски борач Мирко Филиповиќ синоќа ја шокираше јавноста со информацијата дека имал мозочен удар.

„Кро коп“ откри дека завршил во болница пред седум дена, по што веднаш одлучил да ја заврши својата кариера потврдувајќи синоќа дека никогаш повеќе нема да влезе во ринг.

„Имав мозочен удар, крварење во мозокот. Денеска излегов од болница и затоа сакав луѓето да видат дека сум добро. Имав неверојатна среќа во несреќа, па сега мора да се борам за живот“ – изјави синоќа Филиповиќ.

Но, многумина веднаш по неговата објава го обвинија дека не ја зборува вистината и дека само бара изговор како да ја заврши кариерата. Таквите обвинувања допреа до „Кро коп“ кој веднаш почна да објавува по социјалните мрежи негови фотографии од болница…

 

View this post on Instagram

 

?

A post shared by Mirko Filipović (@crocop1009) on

Се вчитува...