Крос: Да не се лажеме, Меси не е меѓу тројцата најдобри фудбалери…

Германскиот репрезентативец и фудбалер на Реал Мадрид, Тони Крос вели дека во моментов Лионел Меси не заслужува да биде во најдобрите тројца фудбалери на светот. Меси со Роберт Левандовски и Кристијано Роналдо беше меѓу тројцата финалисти за наградата за најдобар фудбалер за 2020 година, која на крајот ја освои полскиот репрезентативец.

„Левандовски апсолутно го заслужи тоа. За мене Меси не е меѓу најдобрите, бидејќи годинава не беше на потребното ниво“, изјави Крос. 

Исто така тој не се сложува што Јирген Клоп ја доби наградата бидејќи и покрај тоа што е одличен тренер, човек на годината е Ханси Флик кој успеа да ги освои сите трофеи со Баерн Минхен.

Се вчитува...