Крос: Не сум ја гледал Барса ниту на ТВ, имам попаметни работи од тоа…

Реал Мадрид и Барселона ќе излезат на мегдан за трофејот во Суперкупот на Шпанија, а Тони Крос дополнително ја зовре атмосферата откривајќи дека воопшто не ги следи игрите на каталонскиот гигант сезонава.

Реал има удобна предност во однос на Барса на прволигашката табелата, но Крос предупредува дека тоа нема да значи ништо на претстојниот меч.

„Да бидам искрен, не сум ја гледал Барселона ниту на телевизија во последно време. Имам попаметни работи да правам тоа отколку да седам дома и да ги гледам нив како играат. Затоа, не можам ниту да кажам колку им е променета играта откако Чави дојде за тренер, бидејќи немам гледано ниту еден натпревар. Она што го знам е дека и покрај сето она што се пишува, тие се уште имаат бројни врвни играчи во своите редови. Затоа, нема да ни биде нималку лесно да стигнеме до трофејот“, изјави Крос.

Се вчитува...