Зголемувањето на бројот на учесници почнувајќи од СП 2026 наиде на критики од бројни страни, кои го нарекуваат потегот на ФИФА популистички.
Од една страна, ќе им се даде мундијалска шанса на селекции кои инаку само би сонувале за учество на СП, но од друга страна се стравува дека тоа сериозно ќе го спушти квалитетот на ова елитно натпреварувања. Вакво стравување меѓу другите има и Тони Крос, германската фудбалска легенда која очекува бројни неинтересни натпревари во првата мундијалска фаза.
„Јас сум против СП со 48 репррезентации. Со толку многу учесници, ќе гледаме голем број мечеви со по 5-0 во групната фаза. Тоа не се средби што вистинските фудбалски фанови сакаат да ги гледаат. Јас лично сакам да гледам квалитетни мечеви во кои има борба и неизвесност, ако резултатот е 5-0 или 6-0 само го менувам каналот. Германија и Бразил според мене не се ниту меѓу петте најголеми фаворити за титулата“, истакна Крос.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

