Крсте Велкоски во идеалниот тим на полусезоната во БиХ

Македонскиот репрезентативец Крсте Велкоски е избран во идеалниот тим на полусезоната во шампионатот на БиХ од босанските медиуми.

Велкоски зад себе остави одлична полусезона со осум постигнати погодоци во 17 натпревари, што беше доволно да биде издвоен меѓу најдобрите.

„Посебно добри настапи Велкоски имаше во вториот дел од полусезоната, а поради тоа како награда доби и повик за македонската репрезентација. Капитенот на тимот од ‘Кошево’ ги оправда очекувањата, па на 17 натпревари запиша осум гола дополнети и со две асистенции“ – пишуваат Босанците.

Покрај Велкоски, во тимот на полусезоната во најсилниот фудбалски шампионат на Босна и Херцеговина се  уште и Мерсудин Ахметовиќ (Сараево), Немања Билбија (Зрињски), Немања Анѓушиќ (Младост), Душан Мартиновиќ (Радник), Жоаким Адукор (Сараево), Бернардо Матиќ (Широки Бријег), Нихад Мујакиќ (Сараево), Селмир Пидро (Сараево), Амар Бегановиќ (Слобода), Емил Велиќ (Младост Добој Какањ), а најдобар тренер е стратегот на Сараево, Хусреф Мусемиќ.

После 19. кола, Сараево е прв на табелата со 43 бодови, пет повеќе од второпласираниот Зрињски, а на третото место е Широки Брег.

Се вчитува...