Крстевски: Го загубивме натпреварот на наши грешки

Македонската кошаркарска репрезентација со пораз од Швајцарија ги започна претквалификациите за Светското првенство 2023. „Црвено-жолитите“ не одиграа лошо во одбраната, меѓутоа потфрлија во нападот како немаше течност и лесни поени, притоа беа промашени и неколку зицери.

По натпреварот на оваа тема говореше и еден од поискусните играчи во нашиот табор, Бојан Крстевски кој вели дека не губиме ништо и покрај поразот.

„Отворивме тешко поготово во втората четвртина во која не се снајдовме надобро во нивната одбрана, ни одеа под нашите блокови, го полнеа рекетот, не погодивме отворени шутеви и падна концентрацијата. Во главно на наши грешки го загубивме овој натпревар. Во одбраната и не бевме лоши, 67 поени, а на крајот дадоа и неколку тешки кошеви. Меѓутоа не губиме ништо со овој натпревар и одиме понатаму“, изјави по мечот Крстевски.

Се вчитува...