Крстевски и Симиќ едногласни: Имаме многу проблеми, но ние ќе одиграме најдобро што можеме

Кошаркарската репрезентација на Македонија в петок ќе ги стартува квалификациите за пласман на Светското првенство 2023 година. Првиот натпревар „црвено-жолтите“ ќе го играат против актуелниот светски шампион Шпанија.

Еден од најискусните во националниот тим Бојан Крстевски вели дека и покрај големиот број проблеми, тие ќе дадат максимум и се надева дека ќе одиграат најдобро што можат.

„Имавме пократок времнски период за разлика од летото и имаме една изменета екипа. Не сме комплетни, меѓутоа тоа мора да го оставиме зад нас и да се фокусираме на она кое го имавме и располагавме и на сегашноста. На нас е едноставно да излезме на терен максимално ангажирани и борбени, да ги исполниме задачите на селекторот и да се претставиме во најдобро светло. Секоја чест за Шпанија, но ние не се предаваме“, изјави Крстевски.

Слично размислува и најмладиот во националниот тим Теодор Симиќ …

„Се надевам на еден добар натпревар. Ќе бидеме максимално мотивирани против Шпанија и ќе се потрудиме да го дадеме најдоброто од себе, да одиграме што подобро и да извлечеме што е можно подобар резултат против квалитетна селекција како што е нашиот следен ривал. Нема предавање“, изјави Симиќ.

Натпреварот кој е закажан за во петок во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје е со почеток во 19.30 часот.

Се вчитува...