Крстевски: Нема да биде лесно, но имаме квалитет да ги поминеме претквалификациите

Последните години, Бојан Крстевски се профилираше во еден од најдобрите македонски кошаркари, а минатата сезона ја играше можеби најдобрата кошарка во својата кариера.

И ако сакаме успех во претстојните претквалификации за Светското првенство, а сакаме, сега, формата од домашното првенство, Крстевски треба да ја пренесе и во репрезентацијата.

На почетокот од подготовките, високото крило на МЗТ Скопје е позитивно расположен и е оптимист во врска со претстојниот циклус.

„Лесно сигурно нема да биде, никогаш ништо не е лесно. Сепак, имаме четири недели за подготовки, ќе одиме и во Маврово. Ова е комбиниран состав, имаме неколку млади кошаркари, неколку повозрасни и сметам дека ваквата комбинација може да донесе добар резултат во овие претквалификации“.

Крстевски е добро запознат со противниците на турнирот во Скопје, планиран да се одржи во периодот од 12. до 18.август.

„Ги знаеме противниците, игравме со нив во едни претквалификации, но сега нашиот состав е доста изменет. И покрај тоа, имаме квалитет да освоивме едно од првите две места и да продолжиме во квалификациите“ – рече Крстевски пред утринскиот тренинг во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.

Се вчитува...