Крвави протести во Манчестер: Навивачите на Јунајтед ја нападнаа полицијата, едно службено лице за малку ќе останеше без око (ФОТО)

Полицијата во Манчестер потврди дека двајца полицајци биле сериозно повредени во вчерашните протести пред и на „Олд Трафорд“, поради што не се одигра и дерби натпреварот помеѓу Јунајтед и Ливерпул.

Толпата навивачи протестираа против американските сопственици на клубот, семејството Глејзер, поради што илјадници од нив беа пред стадионот, а поголем дел успеаја да го пробијат полицискиот кордон и да завршат на теренот. Со камења и шишиња беше фрлано и по хотелот во кој беа сместени фудбалерите на „црвените ѓаволи“.

„Нашите навивачи се луди по Манчестер Јунајтед. Ние како клуб го почитуваме нивното право на слободно изразување и протести. Но, го осудуваме вознемирувањето на фудбалерите и насилните акции на поединци поради кои беа доведени во опасност останатите навивачи, техничкиот персонал и полицајците“, се вели во соопштението на управата на Јунајтед.

Во целиот хаос, еден од повредените полицајци за малку ќе останел без око и заврши со огромна расекотина на лицето, откако беше погоден со стаклено шише, а имаше и голема среќа бидејќи во тој момент беа фрлани и запалени факели. Секако, ниту полицајците не останаа должни, поради што и одреден број навивачи завршиле со повреди.

 

 

 

Се вчитува...