Крвнички старт над Меси на дуелот со Венецуела (ВИДЕО)

Аргентина славеше со 3-1 во дуелот против Венецуела во квалификациите за Светското првенство, но сенка на натпреварот остана крвничкиот старт на Луис Мартинез врз еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Лео Меси.

Имено, во 31. минута од мечот со отворен ѓон Мартинез директно удри во ногата на Аргентинецот. По бруталниот прекршок, лекарскиот тим пет минути му даваше помош на Меси, но за среќа асот на ПСЖ не претрпе голема повреда па го продолжи натпреварот.

Очекувано, по прегледувањето на снимката, венецуалскиот репрезентативец доби директен црвен картон.

Се вчитува...