Куќата на Кириленко уништена во пожар: Изгледаше како крај на светот!

Изгоре куќата на претседателот на Рускиот кошаркарски сојуз и поранешен НБА кошаркар, Андреј Кириленко во голем шумски пожар во Лос Анѓелес.

На среќа нема настрадани во големиот пожар затоа што комплетното семејство на време ја напуштило куќата чија вредност е 5,5 милиони долари.

„Се разбудив околу 5,30 часот и видов дека цела планина околу нашата куќа гори. Го видов пеколот на Земјата. Изгледаше како крај на светот. Среќа, на време го видов сето тоа, собравме некои ситници и го напуштивме објектот кој брзо го зафати пламен. Најстариот син Степан си го собра школскиот прибор, ќерката Александра само боенката а вториот син Федор хокеарската облека. Сопругата на време успеа да спаси некои документи и нашите пасоши, на почетокот бевме во хотел но сега сме сместени кај пријател“ – вели Кириленко.

36-годишниот Андреј вели дека на почетокот мислел дека огнената стихија нема да ја зафати неговата куќа…

„На почетокот мислев дека пожарот нема да дојде до нас, или дека ќе успеам да го совладам. Но, сепак кога се доближи моравме да заминеме. Потоа на ТВ видов дека нашата куќа целосно изгорела“ – вели Кириленко, кој често отсуствува од својот дом поради обврските во Русија како претседател на сојузот.

„Среќа што сега бев дома, затоа што многу често отсуствувам. Не сакам ниту да помислам што можеше да биде ако моето семејство беше само во домот“ – коментира поранешниот руски репрезентативец.

Се вчитува...