Кога Кукоч заглави во диско со Родман… 40 водки, 10 пива и долг мамурлук

Легендарниот хрватски кошаркар, Тони Кукоч раскажа интересна анегдота за времињата поминати во Чикаго Булс и дружбата со еден од најконтроверзните кошаркари во историјата Денис Родман.

„Излеговме една вечер со Денис Родман во ноќен клуб. Испивме 40 водки и 10 пива. Верувале или не, цела недела не можев да се освестам. Не можев на тренинг да отидам“, изјави Кукоч. 

Кукоч и Родман како соиграчи во Чикаго Булс освоија три титули во легендарната генерација предводена од најголемиот на сите времиња, Мајкл Џордан.

Се вчитува...