Кукурелја со порака до безобразниот Ромеро: Никогаш нема да ја скратам косата

Новиот фудбалер на Челси, Марк Кукурелја го привлекува вниманието по својот специфичен имиџ, а токму деновиве неговата фризура беше главан тема на разговор на дуелот меѓу „сините“ и Тотенхем.

Главната причина беше потегот на Кристијан Ромеро, кој при едно нафрлување во шеснаесетникот на Челси, го повлече противничкиот Марк за долгата коса. Иако сето ова се случи пред главниот судија, тој не го санкционираше ваквиот потег.

И Кукурелја даде своја изјава, па потенцираше дека не планира да го менува имиџот поради тој инцидент.

„Никогаш нема да ја скратам косата, ова е мојот имиџ. Немам проблем сао Ромеро, тоа е само еден дуел на теренот, но не е добро што тој потег имаше влијание на резултатот“, изјави фудбалерот на Челси.

Неколку секунди по несанкционираниот прекршок над Шпанецот, Кејн постигна гол и ги постави конечните 2-2 во Лондон.

 

 

 

Се вчитува...