Кулибали: Наполи не се откажува од скудетото!

Наполи не ја претвори доминацијата во првото полувреме во конечен триумф над Интер, дербито на крајот заврши со конечни 1-1, па „наполитанците“ се уште заостануваат еден бод за „нероаѕурите“, притоа имајќи одиграно и еден натпревар повеќе од големиот ривал.

Без оглед на се, Калиду Кулибали е оптимист дека неговиот тим се уште има реални шанси во трката за шампионската титула.

„Вистинска штета, можевме да победиме, но малку заспано го почнавме второто полувреме, а Интер го искористи тоа со голот на Џеко од неверојатно мал агол. Сите посакувавме победа, но и ремито не е лош резултат бидејќи против себе го имавме актуелниот шампион. Пред неколку дена станав првак на Африка, го остварив мојот и сонот на мојот народ, сега сакам да помогнам да се оствари сонот на сите наполитанци. Навивачите треба да знаат, ќе даваме по 200% од себе на секој нареден натпревар, немаме намера да се откажеме од скудетото бидејќи има уште многу да се игра“, изјави Кулибали.

Се вчитува...