Кулибали: Од првиот ден кога стапнав во Лондон знаев дека го направив вистинскиот потег

Калиду Кулибали е најголемото засилување за Челси во летниот преоден рок. Искусниот 33-годишен сенегалски репрезентативец долго време беше поврзуван со трансфер во премиерлигашот, а сега оствари трансфер вреден 38 милиони евра.

Говорејќи за медиумите во Англија, Кулибали вели дека овој пат ѕвездите се поклопиле, а од првиот ден кога пристигнал во клубот се почувствувал одлично и знаеле дека ова ќе биде неговиот дом.

„Челси беше единствениот клуб кој навистина се трудеше да дојде до мојот потпис. Првиот контакт го имавме во 2016 година кога на клупата седна Антонио Конте, но тогаш трансферот не се оствари. И подоцна бев поврзуван со Челси, а овој пат тоа беше вистинскиот потег. Се поклопија ѕвездите и навистина сум среќен што сум фудбалер на Челси. Од првиот ден кога дојдов знаев дека ова ќе биде мојот дом“, вели Кулибали.

Се вчитува...