Кулушевски останува во Лондон, Тотенхем ќе го откупи ама од следната сезона

Дејан Кулушевски со сигурност ќе остане во Тотенхем уште долги години. Клубот од Лондон донел одлука да го откупи од Јувентус, но тоа ќе го стори дури по завршувањето ан идната сезона до кога Швеѓанецот има договор како позајмен фудбалер.

Кулушевски зимата од Јувентус се пресели во Тотенхем, и потпиша договор од јуни 2023 година. Од лондонскиот тим се задоволни од неговите настапи, па се шпекулираше дека ќе го откупат веќе во оваа сезона, но тоа ќе го сторат од следната кога за 20 милиони ќе го ангажираат со перманентен договор од Јувентус.

Антонио Конте е голем миленик на Кулушевски, и тој е речиси главниот „мост“ за договор на шведскиот репрезентативец. Тој има договор со Јувентус до 2024 година. Претходно беше дел од Аталанта и Парма.

Се вчитува...