Куман и Чави во трка за наследник на Валверде на клупата на Барселона

Тренерската позиција на Ернесто Валверде во Барселона е сериозно разнишана. Шпанските медиуми најавуваат дека тој ќе мора да си замине од „Камп Ноу“ по завршувањето на сезоната, а за неговото место во трка се Роналд Куман и Чави Ернендез.

Актуелниот селектор на холандската фудбалска репрезентација е една од легендите на Барселона и се споменува како најсериозен кандидат за нов тренер на Барселона од следната сезона. Куман би ја водел Холандија на ЕВРО 202о, а потоа би се преселил на клупата на каталонскиот гигант.

Чави Ернандез ја заврши кариерата и навлезе во тренерски води, а дел од раководните структури на Барселона веќе би сакале да го видат како предводник на тимот. Сепак, тој работи во Катар и се уште нема искуство во Европа што се однесува до тренерскиот занает.

Најновиот неуспех на Валверде, кој со Барса доживеа пораз од Атлетико Мадрид (2-3) во Суперкупот на Шпанија уште повеќе ги подгреа шпекулациите за неговото заминување од „Камп Ноу“.

Се вчитува...