Куман може да здивне – Барса ја победи Валенсија

Роналд Куман го доби мечот „да се биде или не“ откако Барселона триумфираше со 3-1 над Валенсија, спасувајќи го холандскиот стратег од отказ по серијата слаби игри пред репрезентативната пауза.

Каталонците беа шокирани на самиот почеток од ова дерби, откако Гаја испрати проектил од 25 метри што го изненади Тер Штеген  ги замолкна домашните фанови на „Камп Ноу“. Потоа на сцена стапи Ансу Фати, кој најпрвин со прекрасен погодок израмни на 1-1, а потоа по пеналот врз него, Депај од белата точка ја донесе Барселона во водство.

Вториот дел почна со иницијатива на Валенсија, Солер го погоди дирекот, Тер Штеген имаше и една одлична интервенција, спречувајќи ги гостите да стигнат до израмнување. На спротивната страна, Барселона поведе со 3-1 со голот на Кутињо, кој влезе во игра на местото на Фати и стави печат на триумфот на каталонскиот гигант.

 

Се вчитува...