Куман после триумфот: Проблемот беше психолошки, заслужено победивме

Барселона вчера со 3:1 ја совлада Валенсија на домашен терен, и Роналд Куман си „купи мир“ барем пред дербито со Реал Мадрид во врска со неговата смена.

Тој рече дека после негативата рано, Барселона реагирала добро и успеала да дојде до триумф.

„И покрај тоа што почнавме лошо, сепак, реагиравме добро, одигравме добро и победивме. Ако имате таков старт, тогаш проблемот е психолошки“, рече Куман.

Тој кажа дека го сменил Фати за да го поштеди поради тоа што се пожалил на повреда.

Се вчитува...