Куман се враќа како селектор на Холандија после Мундијалот во Катар

После Светското првенство во Катар, Роналд Куман ќе се врати на селекторската позиција во репрезентацијата на Холандија. Тој ќе го замени Луис ван Гал, кој пред неколку дена соопшти дека боледува од рак, и дека после Светското првенство заминува во пензија.

За Ван Гал ова е трет мандат на клупата на Холандија. Тој ги водеше во 2000-2001, а потоа и од 2012 до 2014 година после освојувањето на третото место на СП во Бразил.

Куман остана без ангажман откако доби отказ од Барселона. Куман ја напушти Холандија за да ја превземе Барса во 2020 година, но откако не му одеше со каталонскиот клуб, остана без работа и сега ќе чека да помине Мундијалот во Катар за повторно да биде селектор на „лалињата“.

Се вчитува...