Кумановки одат во Чешка, а ЖРК Металург во Полска

Двете македонски екипи во Купот на ЕХФ во женска конкуренција добија ривали кои нималку не се наивни. Шампионот ЖРК Металург својата нова европска авантура ќе ја почне со пресметки против полскиот прволигаш Заглебје, кој ќе ја има фаворитската улога против македонскиот првак.

Освојувачот на Купот на Македонија, тимот на ЖРК Куманово, предводен од селекторот Симе Симовски, за ривал ја доби чешката екипа Славија Прага.

Доколку ги минат своите ривали во првото квалификациско коло, ракометарките на Металург во следната рунда за ривал ќе го има норвешкиот прволигаш Стормахер, додека потенцијален ривал на кумановки во второто коло е Оденсе од Данска.

Се вчитува...