Куманово и Работнички побараа: Точка за недоверба во Петар Наумоски

Собранието на Македонската Кошаркарска Федерација стартуваше, а Работнички и Куманово се екипи кои први го кренаа својот глас против Петар Наумоски, поднесувајќи барање за дополнување и промена на редослед на точките од дневниот ред – поточно внесување на точка за гласање на (не)доверба во работата на претседателот Петар Наумоски.

Како аргументи двата прволигаши ги посочуваат: очајни резултати на сите репрезентативни нивоа, недостаток на менаџерски капацитет, деградација на струката со целосно игнорирање на Стручниот совет… и многу други.

Ова барање пред почетокот на собранието било доставено до лицата од МКФ, кои ќе треба истото да го прифатат, па да се пристапи кон гласање на (не)доверба кон претседателот.

predlog baranje pece

Се вчитува...