Куманово подобар од Ангели за место во полуфиналето на меморијалнот турнир „Анте Дуковски“

Куманово стигна и до втората победа на меморијалниот турнир „Анте Дуковски“ откако славеше над Ангели со 63-73. Натпреварот беше изедначен во поголемиот дел, а клучна за победа на „сино-белите“ беше серија од 8-2 на две и пол минути пред крајот на истиот. Со овој триумф Куманово го осигура своето место во полуфиналето на турнирот кое ќе биде одиграни утре, додека настапот за Ангели е завршен со два порази.

Ангели го отворија натпреварот на крилјата на Деолски и неговите три тројки со кои новлијата во Првата лига стигна до предност од 20-12 по првите 10. минути игра. Куманово одговори со подобра игра во продолжението од првото полувреме, меѓутоа благодарение на стекнатата предноста во првата четвртина, на полувремето водството остана во рацете на составот од Кисела Вода (36-33).

До посакуваната предност кумановци стигнаа на отварањето на второто полувреме благодарение на серијата од 7-1 (39-40), меѓутоа „зелено-белите“ навремено го запреа моментумот на „сино-белите“ и натпреварот продолжи во изедначено темпо со тоа што гостите беа оние кои по 30. минути игра имаа блага предност (50-52). Изедначениот натпревар продолжи и во поголемиот дел од последната четвртина, а клучната предност Куманово ја направија со серија од 8-2 за водство од 61-68 на две и пол минути до крајот на мечот, водство кое беше недостижно за Ангели.

Предводник на Ангели со 19 поени и 5 скока беше Атанасов, додека него го следеа Самбри и Деолски со по 14 поени на кои Македонецот додаде и 6 асистенции, додека Американцот мечот го заврши со 6 скока. Зивчевиќ беше прво име во Куманово со дабл-дабл од 18 поени и 10 скока, а еден поен помалку додаде Глигоријевиќ.

Се вчитува...