Кумановци без шанси во Карпош, „соколите“ броеја до 100

Карпош соколи премногу лесно и убедливо славеа на денешниот натпревар против Куманово (100-75), за уште подобра атмосфера во тимот во пресрет на дербито со МЗТ Скопје, кое ќе биде решавачко за тоа која од овие две екипи ќе се најде на првото место во пресрет на плејофот.

Денешниот натпревар беше решен веќе во првото полувреме, откако „соколите“ за само дваесет минути игра ги прелетаа своите противници. Кумановци имаа проблеми со реализацијата во првата четвртина, што домашниот тим го искористи за веќе во десеттата минута да стигне до двоцифрена предност (22-12). Доминацијата на Карпош соколи продолжи и во втората четвртина, на одмор се замина со преубедливи 53-35, по што преостанатите дваесет минути беа обична рутина за избраниците на тренерот Николиќ, кои на крајот славеа со конечни 25 поени разлика.

shepa sokoli kumanovo

Дарко Соколов со 18 поени беше најефикасен во редовите на Карпош соколи, каде по 13 поени постигнаа Лабовиќ и Зековиќ. Најдобри стрелци на Куманово при денешниот пораз беа Караџовски со 15 и Караколев со 12 поени.

Се вчитува...