Кунде оди конечно во Челси, одбиена понудата на Барселона

Францускиот репрезентативец, Жил Кунде, одбил да се пресели во Барселона. Планот на фудбалерот на Севиља е да го облече дресот на Челси. Кунде и минатото лето водеше интензивни преговори со тимот од Лондон.

Трафсферот пропадна откако клубовите не можеа да ја договорат оштетата. Челси нудеа 50.000.000 евра, Севиља инсистираше да биде платена откупната клаузула од 70.000.000 евра.

Барселона, се обиде, но не успеа да им ги расипе плановите на Челси. Англичаните тврдат дека директорката Марина Грановскаја, му ветила на Кунде, дека по завршувањето на сезоната ќе биде реализиран неговиот трансфер.

Десната рака на газадата на клубот, реагирала веднаш откако на сите во клубот им станало јасно дека Челси, по завршувањето на сезоната ќе остане без Андреас Кристенсен и Антонио Ридигер. Овие двајца не успеаја да се договорат со клубот околу новите договори, тие како слободни играчи ќе го напуштат „Стенфорд Бриџ“.

Се вчитува...