Куп на Германија: Борусија Дортмунд победи, Хофенхајм испадна

Борусија Дортмунд го продолжува настапот во Купот на Германија по вечерашниот триумф од 0-2 на гостувањето против Брауншвајг. Тренерот Терзиќ експериментираше со составот, им даде шанса на неколку млади фудбалери, но „милионерите“ сепак рутински си ја завршија работата. Искусниот Матс Хумелс го отвори резултатот во 12. минута, а печат на победата во судиското продолжение стави Санчо.

Шалке игра катастрофално во Бундес-лигата, но затоа тимот од Гелзенкирхен делува сигурно во националниот куп. „Сините“ вечерва славеа рутински на гостувањето против Улм со 1-3, благодарение на двата гола на Раман. Во дуелот на двата прволигаши Лајпциг како гостин го совлада Аугсбург со 0-3, со погодоците на Орбан, Поулсен и Анжелињо.

Настапот во Купот на Германија неочекувано го заврши Хофенхајм, по елиминацијата од Гројтер Фурт. По 120 минути игра резултатот гласеше 2-2, но гостите беа поумешни во пенал-рулетот и си осигураа пласман во осминафиналето.

Се вчитува...