Куп на Италија: Милан и Интер одиграа без голови во првото полуфинале

Во првиот меч во полуфиналето во Купот на Италија, Милан и Интер вечерва на „Сан Сиро“ одиграа без голови, со што патникот во финалето ќе се решава на реваншот на истиот стадион.

Двата тима излегоа со моментално најдобрите состави, но одиграа многу внимателно. Милан влезе поагресивно во мечот, имаше две добри шанси во првиот дел во 10. и 11 минута преку Ернандез и Салемакерс, но не го најде патот до голот. Интер немаше некоја изразена шанса.

Второто полуфинале се игра утре кога ќе се сретнат екипите на Фиорентина и Јувентус.

Се вчитува...