Куп на кралот – Реал против Сарогаса, Барселона со Леганес

Извлечени се паровите за осминафиналето во Купот на кралот. Ждрепката одлучи Реал Мадрид во осминафиналето да се сретне со Реал Сарагоса, додека Барселона ќе игра против Леганес.

Актуелниот шампион, Валенсија во осминафиналето ќе игра против сензацијата во купот екипата на Културал Леонес, која во претходната фаза беше подобра од Атлетико Мадрид. Севилја ќе игра против Мирандес, а Атлетик Билбао ќе се сретне со Тенерифе. Натпреварите се на програмата од 28 до 30 јануари.

ДВОЈКИ 1/8 ФИНАЛЕ КОПА ДЕЛ РЕЈ:

РЕАЛ САРАГОСА – РЕАЛ МАДРИД

БАРСЕЛОНА – ЛЕГАНЕС

РЕАЛ СОСИЕДАД – ОСАСУНА

РАЈО – ВИЛЈАРЕАЛ

МИРАНДЕС – СЕВИЛЈА

ТЕНЕРИФЕ – АТЛЕТИК БИЛБАО

ЛЕОНЕСА – ВАЛЕНСИЈА

БАДАХОЗ – ГРАНАДА

Се вчитува...