Курт Зума ја дозна казната за злоставување на сопствената мачка

Курт Зума пет години не смее да чува мачка, а притоа ќе мора да одработи и 180 часа социјално корисна работа како казна за злоставување на сопственото милениче, одреди судот во Велика Британија.

Французинот самиот се изјави како виновен на судењето и воедно се покаја за злоставувањето кое беше снимено од страна на неговиот брат. Како потсетување, на истото се гледаше како тој ја фрла на подот и силно ја клоца со ногата, а потоа по неа фрлаше и со патики и силно ја удираше по главата во присуство на дете.

За грозоморниот чин фудбалерот на Вест Хем доби и закани од УФЦ-борецот Јан Блахович, а на терените ширум Англија го провоцираа со мјаукање.

Се вчитува...