Голманот на Белгија, Тибо Куртоа, изјави дека неговиот тим го казнил „недостигот на почит“ од страна на Американците во натпреварот од осминафиналето на Светското првенство против САД, како и дека тој и неговите соиграчи победија со „вонсериска игра“ и се пласирааа во четвртфиналето.
„Го казнивме недостигот на почит што го добивме од Американците во изминатите денови. Велеа дека веќе не сме истиот тим и дека лесно ќе не победат. Денеска докажавме дека сме добар тим. Уште од почетокот вршевме притисок и создававме шанси“, изјави Куртоа.
Куртоа исто така наведе дека бил поуверен во победата на овој натпревар отколку во осминафиналниот дуел против Сенегал, иако смета дека тимот на САД е поквалитетен од африканската селекција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
