Куртоа го повреди скочниот зглоб, го пропушта стартот на Ла Лига

Белгискиот голман Тибо Куртоа го повреди скочниот зглоб и ќе мора да паузира најмалку три седмици, објави Реал Мадрид. Ова значи дека чуварот на мрежата на „кралевите“ ќе го пропушти стартот на новата сезона во Ла Лига.

Куртоа нема да му биде на располагање на тренерот Зинедин Зидан на првите два меча од новиот шампионат, против Селта на гости и против Валјадолид на домашен терен. Проценките се дека би можел да се опорави за мечот од третото коло против Вилјареал, кој ќе се игра на 1 септември.

Се вчитува...