Куртоа: Многу сум лут на Азар

Еден Азар дебитираше за Реал Мадрид во победата од 3-2 против Леванте. Азар влезе од клупата во второто полувреме, а на голот беше неговиот сонародник Куртоа.

Но, поранешниот голман на Челси беше лут на Азар поради начинот на кој играл во нападот…

„Во првата ситуација веднаш можеше да постигне гол. Многу е смирен со топката и тоа е добро за тимот, но сепак ме налути затоа што се обиде да игра со пета, па ја загуби топката. Прави разлика во нападот но познато е дека таквите потези имаат последица врз одбраната и после целиот тим треба да поправа едно таква негова грешка. Со сета почит за Леванте, но ние ако продолжевме во ритамот од првото полувреме натпреварот ќе завршеше лесно со наша победа од 6-0“ – вели Куртоа.

Се вчитува...