Пари Сен Жермен оствари нова убедлива победа во Лигата на шампионите, совладувајќи го Андерлехт со 5-0, а аплаузите на крајот ги собра левиот бек на „светците“, Лејвин Курзава. Тој ги засени напаѓачите Нејмар, Кавани и Мбапе, со оглед дека беше стрелец на хет – трик на овој натпревар. Со тоа и влезе во аналите на ЛШ како прв дефанзивец во историјата кој успеал да постигне три гола на еден меч од групната фаза во елитното европско натпреварување.
На Курзава за овој подвиг му беа доволни 26 минути. Тој стрелаше во 52’, 72’ и 78’ минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА